Информации за сертификација (SAR)
Овој мобилен уред ги исполнува упатствата за изложеност на радио бранови.
Вашиот мобилен уред е радио предавател и примател. Тој е дизајниран да не ги надмине ограничувањата за
изложеност на радио бранови препорачани со меѓународните упатства. Упатствата се развиени од независната научна
организација ICNIRP и вклучуваат безбедносни граници поставени за да се осигура безбедноста на сите лица, без
оглед на возраста и здравјето.
Упатствата за изложеност кај мобилните уреди користи единица мерка позната како Специфична Апсорпциона Стапка
или SAR. Ограничувањето за SAR наведено во упатствата на ICNIRP е 2,0 вати/килограм (W/kg) во просек на 10 грама
ткиво. Тестовите за SAR се изведуваат со користење стандардни оперативни позиции при што уредот предава на
највисокото сертифицирано ниво на енергија во сите тестирани фреквенциони должини. Вистинското ниво на SAR на
уред кој работи може да биде под максималната вредност бидејќи уредот е дизајниран да ја користи само енергијата
38
Информации за производот и безбедноста
потребна да се допре до мрежата. Таа количина се менува во зависност од бројни фактори како што е колку блиски
сте до мрежната базна станица.
Највисоката дозволена SAR вредност кога уредот се употребува на увото според ICNIRP е 0,95 W/kg .
Употребата на додатоци за уредот може да резултира со различни SAR вредности. Вредностите на SAR може да се
разликуваат во зависност од националните барања за известување и тестирање и од брановата должина на мрежата.
Дополнителни информации за SAR може да се најдат кај информациите за производот на www.nokia.com.