За управувањето со дигитални права
Кога го користите овој уред, почитувајте ги сите закони и почитувајте ги локалните обичаи, приватноста и легитимните
права на другите, вклучувајќи ги и авторските права. Заштитата на авторските права може да Ве спречи да копирате,
модифицирате или пренесувате слики, музика и други содржини.
Сопствениците на содржини може да користат различни типови на технологија за управување со дигитални права
(ДРМ; digital rights management – DRM) за заштита на нивната интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските
права. Овој уред користи различни типови на ДРМ софтвер за пристап до содржини заштитени со ДРМ. Со овој уред
можете да пристапите на содржини заштитени со WMDRM 10 и OMA DRM 1.0. Ако одреден ДРМ софтвер не успее да ја
заштити содржината, сопствениците на содржината може да побараат таквата ДРМ софтверска можност за пристап
до новите содржини заштитени со ДРМ да бидат повлечени. Повлекувањето исто така може да спречи обнова на
таквата содржина заштитена со ДРМ веќе во Вашиот уред. Повлекувањето на таквиот ДРМ софтвер не влијае на
користењето на содржини заштитени со друг тип на ДРМ или користење на содржини незаштитени со ДРМ.
Содржините заштитени со DRM доаѓаат придружени со лиценца што ги дефинира Вашите права за користење на
содржината.
Ако Вашиот уред има содржина заштитена со WMDRM, и лиценците и содржината ќе бидат изгубени ако меморијата
на уредот се форматира. Може исто така да ги загубите лиценците и содржината ако датотеките на Вашиот уред станат
оштетени. Губењето на лиценците или на содржината може да ја ограничат Вашата можност за повторно користење
на истата содржина на Вашиот уред. За повеќе информации, контактирајте го Вашиот оператор.